Градоначалникот Бобан Стефковски со тим вработени во општина Гази Баба имаа работен состанок со директорот на ЈП Водовод и Канализација Златко Перински, на кој се дефинираа заеднички приоритети кои во наредниот период преку воспостaвување на соработка ќе се реализираат.
Во периодот кој следи во преден план се проектите за подобрување на водоснабдувањето во општината и ќе се решаваат проблемите со атмосферските и фекалните мрежи.
Единствено преку заедничка соработка ќе се реализираат сите предвидени проекти.
12.07.2022