Скопје денеска одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот. На 26 јули 1963 година Скопје се разбуди под урнатини по катастрофалниот земјотрес кој го погоди градот во 5 часот и 17 минути.
Градоначалникот Бобан Стефковски со делегација од општина Гази Баба положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје.
Вечна им слава на сите загинати во земјотресот, а 26 јули е денот кој вечно ќе потсетува дека Скопје е град на солидарноста.
{gallery}foto/2022/07/polozuvanje_26/gallery{/gallery}
26.07.2022