Секое дрво има свој корен и семка, секој народ има свое име и идентитет. Држава без историја e народ без иднина.
Граѓаните на Гази Баба вечерва негувајќи ја историјата, ја негуваа иднината.
Покрај 120 години од раѓањето на Ченто, денес одбележавме и 20 години од поставувањето на споменикот на Ченто во паркот во Ченто. Градоначалникот Бобан Стефковски додели постхумно признание за Александар Трпевски поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ кој е донатор и иницијатор на поставувањето на споменикот на Ченто.
Со масовното присуство денес граѓаните на Гази Баба оддадоа должна почит на ликот и делото на Ченто.
{gallery}foto/2022/08/MAC_120god/gallery{/gallery}
17.08.2022