Вчера, 30.08.2022 година Советот на општина Гази Баба ја оддржа 15тата седница. На седницата беа разгледани и усвоени годишните извештаи за работата на општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба, како и програмите за новата учебна година и програмите за реализација на екскурзии и вонучилишни активности.
На вчерашната седница, советниците ја прифатија на градоначалникот Бобан Стефковски предложената одлука за измена на програмата за Урбано планирање во која се зголемија средствата предвидени за рехабилитација и изградба на улици и средствата со кој општина Гази Баба партиципира во изградбата на Дневниот центар во Железара.
Со усвојувањето на извештаите и годишните програми за работа на училиштата, општина Гази Баба е подготвена за почетокот на новата учебна година.
{gallery}foto/2022/08/15sednica/gallery{/gallery}
31.08.2022