Во општина Гази Баба за прв пат се одржа Хип Хоп Фест во организација на Општина Гази Баба и Дом на култура „Димитар Влахов“ на 3 и 4 септември на плоштадот Kоцка – Автокоманда“.
Во двата фестивалски дена се одржаа следниве настани: Настап на танцов колектив Еурека, графити работилница со Vutar.95, трибина за хип хоп културата во општеството на конзумеризам со модераторите: Кацар и Сузи Тенева и рап концерт со David Black, Пецо Исток, Алфа, Тони Зен.
Градоначалникот Бобан Стефковски на втората вечер присуствуваше на настанот за кој општината ќе продолжи да дава поддршка и во иднина за организација на овој фестивал, со цел, истиот да прерасне во една убава традиција.
{gallery}foto/2022/09/hiphop/gallery{/gallery}
05.09.2022