Во н.м Црешево се одржа манифестацијата “Ревија на народни носии, народни инструменти и песни Гази Баба 2022” која е во рамките на програмата за Културно лето Гази Баба 2022ра година.
Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со присутните гости вечерва имаа можност да се запознаат со богатото наследство на македонски народни носии кои се оставени од нашите предци.
Носиите се дел од материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Културното творештво на македонскиот народ е непроценливо богатство и значаен сегмент од македонскиот идентитет.
{gallery}foto/2022/09/revija/gallery{/gallery}
05.09.2022