По повод 3ти Ноември, Денот на општина Гази Баба, се оддржа свечена седница на Советот на која ги доделивме стипендиите на 42 талентирани ученици и ученици спортисти.
Во обраќањето на седницата на Советот градоначалникот Стефковски порача дека годините пред нас треба да бидат години на напредок и развој за нашата Гази Баба. “Измина една година од мандатот во кој го воведовме новиот концепт за работа во општината. Имаме план и визија, но и програма која е наша водилка. Повикувам на обединување на граѓаните зад новиот концепт кој ќе ја направи Гази Баба урбана и модерна општина, поубаво место за живеење.”
На денешната седница ги доделивме 42те стипендии за ученици спортисти и талентирани ученици од општинските основни училишта.
На учениците градоначланикот Стефковски им порача гордо да чекорат по патот по кој веќе одат. Општината е посебно горда на секој еден ученик.
{gallery}foto/2022/11/svecena sednica2022/gallery{/gallery}
03.11.2022