Младата Мила Рељиќ, жител на општина Гази Баба овој викенд учествува на Светско првенство во таеквондо во Мексико.
Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на подготвителниот тренинг на младата Мила Рељиќ пред да замине на пат кон Мексико каде ќе се натпреварува на Светско првенство. Општина Гази Баба е горда на бројните успеси на Мила, и во следниот период ќе продолжиме да даваме силна поддршка на индивидуалните спортисти кои бележат домашни но и меѓународни успеси.
Мила Рељиќ годинава во Август освои златен медал на Европското Клубско Првенство во сениорска конкуренција во Талин, Естонија, таа има освоени и златен медал од Г2 серијата натпревари во Израел, бронзен медал во Талин, Подгорица и Загреб. Има неколку победи остварено над врвни натпреварувачки на натпреварите во Франција, Шведска, Белгија, Австрија и Турција.
Во моментов Мила е на високата 10 позиција на Официјалната Светска Таеквондо Ранкинг листа во сениорки -62кг.
12.11.2022