Заедно со планинарскиот клуб I love hiking – group Macedonia и Сојузот на училишен спорт на Гази Баба, денес спроведовме еднодневна едукативна тура на Скопска Црна Гора.
Овој настан имаше за цел промоција на проектот: “Патеки за сите” кој во изминатиот период го реализиравме со планинарскиот клуб Ај Лав Хајкинг ГМ во рамки на кој се измаркирани три планинарски патеки на Скопска Црна Гора во делот кој потпаѓа територијално на општина Гази Баба.
Трите измаркирани патеки се:
1. Раштак – Врв Свински камен
2. Раштак – Сарачево – Врв Бел камен
3. Виниче – Трника – Врв Муратица.
Ве повикуваме сите да ги користите патеките чија промоција ја направивме денес.
{gallery}foto/2022/11/rastak_pateki/gallery{/gallery}
25.11.2022