Општина Гази Баба е една од општините во Македонија и регионот која своето работење го темели на принципите на оддржливиот развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Изработката на Зелениот катастар ќе биде основа за унапредување на зелените урбани површини кои покрај функционалните, рекреативните и социјалните функции допринесува кон намалување на загадувањето и намалување и адаптирање на климатските промени.
Со Зелениот катстар ќе се создаде база на податоци за точната местоположба, големината и состојбата на зелените површини. Ќе се создаде можност за евидентирање на сите промени кои се случуваат на зелените површини.
Линк од веб страната на Зелениот катастар на Град Скопје
23.12.2022