Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со в.д директорот на Центар за развој на Скопски плански регион Розета Арсовска, направи посета и увид на градежните работи на изградбата на Дневениот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост кој се гради во Железара.
Овој проект се реализира со заедничка соработка помеѓу Центарот за развој на Скопски плански регион и општина Гази Баба. Градежните активности се одвиваат согласно дадената динамика и очекуваме проектот да заврши на почетокот од новата 2023 година.
{gallery}foto/2022/12/centar zelezara/gallery{/gallery}
29.12.2022