Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со Амбасадорот на Република Словенија Милан Предан на покана на Земјоделскиот институт ја продолжија македонската традиција на закројување на лозницата по повод христијанскиот празник Св. Трифун.
Во рамки на Земјоделскиот институт се засадени една македонска и една словенска лоза, што го отсликува македонско – словенското пријателство.
14.02.2023