Во општина Гази Баба се одржа втората средба на градоначалникот Бобан Стефковски со претставници од Урбаната заедница Автокоманда во насока на продолжување на граѓанскиот дијалог за изнаоѓање на решение за сообраќајниот хаос во населбата.
На средбата сообраќајните инженери детално го образложија предложениот сообраќаен проект.
Решение на проблемот со сообраќајниот хаос во Автокоманда ќе има и заедно со граѓаните ќе го избереме вистинското, со кое по долги години чекање ќе се реши овој проблем.
27.02.2023