Продолжува мерката за доделување на финансиска помош од 5000 денари за секое новороденче на територија на општина Гази Баба.
Од 01.01.2022 година за прв пат во општина Гази Баба започна да се имплементира мерката за доделување на финансиска помош од 5000 денари за секое новороденче на нашата територија.
Во 2022 година, 420 семејства ја искористиле можноста и добиле финансиска помош од 5000 денари.
Оваа мерка продолжува со имплементација и во 2023 година. Ги повикувамe сите семејства кои ќе имаат новороденче да аплицираат и да ја искористат можноста.
27.02.2023