Традиционално во општина Гази Баба, по повод доаѓањето на пролетта во сите основни училишта и детски градинки се оддржуваат креативни работилници на кои децата изработуваат мартинки, а ги изразуваат своите идеи и способности.
Мартинките се прават со испреплетување на бел и црвен конец. Црвената боја ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност, тие се носат на себе уште од првиот ден во март, за здравје и среќа, плодност и долг живот, а потоа се закачуваат на првото расцветано дрво или додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк.
Во просториите на општината беа изложени рачно изработените мартинки.
{gallery}foto/2023/mart/martinki/gallery{/gallery}
01.03.2023