Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред сите присутни на мултипликативниот настан организиран во рамките на Еразмус+, во рамките на проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“.
Преку имплементацијата на овој проект ќе им се даде можност на стручните лица од областа на воспитанието и образованието од нашето подрачје, но и на децата и родителите, исто така, да ја користат Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) на Светската здравствена организација, а се ставаат во фокус способностите, заедничкиот јазик, поставените цели и инклузијата на децата со потешкотии во развојот во образованието, но и на нивниот секојдневен живот, за полесно справување со предизвиците и потешкотиите со кои ќе се среќаваат во иднина.
Целта ни е како општина да овозможиме преку овие алатки кои се бесплатни и претставуваат поддршка на предвидените индивидуални образовни планови за деца (0-18 години) со потешкотии во развојот, да се обезбедат практични насоки за стручниот кадар на училиштата, градинките и другите образовни средини.
Предавањата ги одржаа професорите М-р. КатеринаТодорова од Универзитетскиот колеџ за образование на наставници Штаерска, г-дин Горан Петрушев претседател на ССЕР и Проф.Д-р Манфред Претис интернационален МКФ експерт.
{gallery}foto/2023/mart/ucilista_erazmus+/gallery{/gallery}
02.03.2023