Денес на официјален настан под мотото ‘Гази Баба за спортот’ градоначалникот Бобан Стефковски и претседателката на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска ги доделија ваучерите на спортските клубови, спортските здруженија и индивидуалните спортисти од општина Гази Баба.
На настанот гостин беше Борко Ристовски, истакнат спортист во нашата Македонија кој даде поддршка за спортот во општина Гази Баба.
Општина Гази Баба е спортски силна општина. Едноставно спортот е единственото нешто кое ја сплотува целата нација.
Денес спортисти од Гази Баба бележат високи успеси во скоро сите спортски области. Но спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост и на верната публика.
Поддршката од општина Гази Баба и вложувањето во спортот ќе продолжи и во следниот период.
{gallery}foto/2023/mart/Sport_zdr/gallery{/gallery}
31.03.2023