Денес започнува реализацијата на нов капитален проект во општина Гази Баба, со кој после 60 години во ООУ “Наум Охридски” во н.м Булачани ќе се изгради спортска сала.
Од особена чест за нашата општина беше присуството на Архепископот Г.Г. Стефан кој ги освети темелите на новата училишна сала.
По тој повод учениците и наставниот кадар од училиштето подготвија соодветна музичка програма со која се претставија пред градоначалникот Бобан Стефковски и присутните гости.
{gallery}foto/2023/april/sala_bulacani/gallery{/gallery}
08.04.2023</p