На работната средба која се одржа пред извесен период во општина Гази Баба во рамки на проектот “Инклузивна училница” (www.icf-inclusion.net) со претставници од општина Гази Баба, Здружението “Образование за сите” Скопје и Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ се работеше на создавање на практична листа за проверка на инклузија која се темели на МКФ.
На следната средба која исто така, се одржа во општината имаше конструктивна дискусија со Секретарот на општина Гази Баба, претставниците – партнери од Македонија на проектот и претставници на дел од основните училишта во општината околку придобивките од алатките за олеснување на инклузивните процеси изработени во Еразмус+.
На состанокот се направи и заеднички план за пилотирање на алатките во основните училиштата и нивна понатамошна употреба и корисност за напредок на учениците со попречености кои ги посетуваат училиштата во нашата општина.
18.04.2023