Вчера, во спортската сала Методија Андонов Ченто во н. Маџари, се одржа хуманитарен концерт со повеќе музички изведувачи од македонската сцена, а собраните средства се наменети за донација на лекувањето на Никола Ѓорѓиев од н.Црешево.
На Никола му е дијагностициран карцином на коски за кој е потребно голема сума на средства. Никола нема родители, живее со својата баба и дедо во село Црешево, а го чека долг пат, многу терапии, испитувања, процедури за лекување, за кои се утврди дека за почеток му се потребни 110.000 евра.
Градоначалникот Бобан Стефковски во оваа борба целосно го поддржува Никола, се до завршувањето на неговата борба со болеста од која очекува да излезе како победник.
Голема благодарност за учеството на хуманитарниот концерт упатуваме до сите изведувачи кои продонесоа за лекувањето на Никола: DJ Bono, Ламбе Алабаковски, Мите Стоилков, ДНК Панчо, Таско, Огнен Здравковски, Пајак, Jack Daniel & Story Band, Daniel Dann, Иван Ајнштајн, Александра, Јанева Јана Спиркоска,, Бојана Скендеровска, Либеро Бенд, Јасмин Алиевски, Филип Пецовски, Даниела Темелковска.
{gallery}foto/2023/april/koncert_nikola/gallery{/gallery}
20.04.2023