Бобан Стефковски

Градоначалник, Општина Гази Баба

Биографија

Бобан Стефковски - роден е на 14 Јуни 1984 во Скопје, оженет и татко на две деца.

 

Во периодот од 2009-2013 Член /советник во Советот на Општина Гази Баба. На последните локални избори 2021 година, како кандидат на ВМРО ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните и е избран за градоначалник на општина Гази Баба.

Образование

  • Основното и средно образование ги завршува во Скопје.
  • Во периодот од 2003 до 2007 година, е на додипломски студии на универзитетот Св.Кирил и Методиј , Иститут за одбранбени и мировни студии, Одбранбена насока каде се стекнува со образовна титула Дипломиран професор по одбрана и заштита.
  • Во периодот од 2010 до 2013 година, е на магистерски студии на универзитетот Св.Кирил и Методиј , Институт за безбедност, одбрана и мир, Безбедносна насока каде се стекнува со образовна титула Магистер по безбедносни науки.

Работно искуство

  • Во периодот од 2008 до 2013 е на позиција Соработник во кабинетот на државниот секретар, Министерство за одбрана.
  • Во периодот од 2013-2015 е на позиција Соработник, Сектор за поддршка на министер, Министерство за труд и социјална политика.
  • Во периодот од 2015 до 2017 е на позиција Државен советник, Сектор за заштита на децата, Министерство за труд и социјална политика.
  • Во периодот од 2017 до 2021 е на позиција Државен советник, Сектор за водење на прекршочна постапка од областа на работни односи и безбедност и здравје при работата, Министерство за труд и социјална политика.