Утрово градоначалникот Бобан Стефковски заедно со граѓаните го прослави верскиот празник Св. Ѓорѓи – Ѓурѓовден во истоимената црква во н.м Сингелиќ.
Културно уметничките друштва Јонче Христовски од Автокоманда и Седенка од Булачани низ звуците на македонската народна музика се погрижија за уметничкиот дел од програмата.
Во попладневните часови пак, во дворот на Црквата Св. Ѓеорѓи Победоносец во Трубарево се одржа манифестацијата “Ѓурѓовденски чествувања” со подготвена музичка програма за присутните по повод празникот.
Ја негуваме традицијата, бидејќи таа го обединува народот во верата.