Градоначалникот Бобан Стефковски беше домаќин на средбата со Маријана Петир, пратеник во Собранието на Република Хрватска и поранешен пратеник во Европскиот парламент.
На средбата Стефковски изрази благодарност до Маријана Петир за нејзината поддршка кон Република Македонија и македонскиот народ.
Во следниот период, општина Гази Баба ќе го развива Хрватско – Македонското пријателство преку реализација на заеднички проекти и активности.
На средбата во просториите на општина Гази Баба присуствуваа и пратеничката во Собранието на Република Македонија, Жаклина Пешевска и претседателката на Советот Дијана Илиевска.