Утрово градоначалникот Бобан Стефковски положи свежо цвеќе и се поклони пред споменикот на Горан Стојменовиќ од Инџиково, херој кој заедно со своите колеги Жарко, Ненад, Сашо, Бобан, Горан, Исамедин и Љубиша ги дадоа своите животи во Диво Насеље бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Тие заслужуваат огромна почит, бидејќи се херои на новото време и нивните имиња ќе бидат запишани со златни букви во поновата македонска историја.
Стефковски по консултации со семејството Стојменовиќ, ќе поднесе иницијатива до Советот на општина Гази Баба да донесе Одлука со која спортскиот комлекс ќе го носи името на Горан Стојменовиќ.
Со оваа Одлука, како и со Одлуката училишната сала во Стајковци да го носи името на Бобан Ивановиќ, имињата на нашите херои остануваат трајно запишани и никогаш нема да бидат заборавени.
Нека им е вечна слава!