Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на патрониот празник на општинското основно училиште Вера Јоциќ во Хиподром кое одбележа 48 години од своето постоење.
Денес кога училиштето го празнува својот патронен празник, сите пристутни оддадоа почит на народниот херој Вера Јоциќ, која своевремено била жител на општина Гази Баба и се приклучила на кумановскиот партизански одред.
Длабоко во себе секој наставник го знае влијанието и важноста на образованието, бидејќи тоа преставува еден од најважните сегменти во животот на еден човек.
Нашите деца во основните училишта мора да добијат квалитетно образование и воспитание, бидејќи од тука започнува трасирањето на нивниот животен пат по кој тие ќе чекорат.
На вработените во општинското основно училиште Вера Јоциќ градоначалникот Стефковски им честиташе за сите достигнувања и успеси кои ги постигнале во годините наназад.