Градоначалникот Бобан Стефковски го отвори Меѓународниот карате турнир “Солидарност опен” кој годинава се одржа по 21 пат, во организација на Карате клубот Солидарност.
Општина Гази Баба денес беше домаќин на повеќе од 600 натпреварувачи од пет различни држави.
Локалната самоуправа има одлична соработка со КК Солидарност, а за тоа говорат заедничките реализирани проекти.