Денес на стрелиштето Камник се одржа 17-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво GRAND PRIX SKOPJE 2023 во организација на Македонската спортска стрелачка федерација.
За Општина Гази Баба е чест што е домаќин на еден ваков реномиран натпревар на кој ќе настапат повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија и регионот во различни дисциплини во машка и женска конкуренција.
Од страна на организаторот беше доделена златна плакета за градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.