Градоначалникот Бобан Стефковски вечерва присуствуваше на четвртиот футсал турнир кој се одржа во н.Железара и им ги додели пехарите на победниците.
Оваа година се натпреваруваа екипи од генерација 2014 и 2015 година.
Организацијата на овој турнир се реализира со поддршка од општина Гази Баба. Клубот за мал фудбал Железарец, како и сите останати клубови во нашата општина добија финансиска поддршка за реализација на проекти.
Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје. За тоа говорат бројните спортски настани кои се реализираат на напата територија, како и успесите на нашите спортски клубови и индивидуални спортисти.