По повод 24 мај, денот на Светите браќа Кирил и Методиј, во н.м Стајковци одржуваме манифестација со која го одбележуваме празникот, кој пак е и слава на населеното место.
На настанот градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред големиот број на присутни граѓани и им го честиташе денешниот празникот.
Стефковски упати повик до нив за почитување на слободата и достоинството на македонскиот народ.
Повик за почитување на правото на сопствен македонски идентитет, за почитување на нашиот македонски јазик, писменост и култура како столбови на нашата посебност како народ и држава.
Во музичкиот дел на сцената настапија играорци од КУД „Јонче Христовски“, Даниела Темелковска, Спасен Силјановски, Јована Богданоска, Благоја Грујовски и Влатко Миладиновски.