Под мотото “Ние децата сме светот”, општинското основно училиште Дане Крапчев го прослави својот патронат.
Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред присутните и истакна дека силно верува дека преку инвестирање во образованието, инвестираме во квалитетот на знаењето кое го добиваат нашите деца.
Основните училишта во општина Гази Баба претставуваат извор на таленти во различни области. Денес ние имаме ученици кои постигнуваат високи достигнувања на натпреварите по природните и општествените науки. Наша заедничка цел кон која силно чекориме е од децата да направиме силни индивидуи кои во иднина ќе ја движат општина Гази Баба, но и Република Македонија напред.