Според анализите направени од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, oпштина Гази Баба во однос на транспарентноста и квалитетот на објавените информации, во последнава година бележи значаен пораст, односно се наоѓа меѓу првите три општини на ниво на град Скопје.
На табелата од Споредбената анализа од мониторинг на општините, направена за период од 2021 до 2023 година, резултатите укажуваат на раст од 14 места. Ова е силен показател дека информациите кои ги споделуваме со граѓаните се разбирливи, достапни и навремени. Постојаната отворена комуникација и директните средби придонесуваат да имаме транспарентна институција.
Општина Гази Баба, како имател на информации од јавен карактер покажува добра волја и желба за отворена соработка и работи кон подобрување и зајакнување на проактивноста кон граѓаните.