На покана на Здружението на лицата со телесен инвалидитет Мобилност Скопје, градоначалникот Бобан Стефковски се приклучи на одбележувањето на денот на Параплегија и Дистрофија со цел подигнување на јавната свест за лицата со овие дијагнози и состојби.
Даваме поддршка на борбата за остварување на нивните права и кохезија во заедницата за еднакви можности.
Општина Гази Баба има одлична соработка со Здружението на телесни инвалиди Мобилност Скопје за што говорат проектите кои заеднички ги реализираме.