Со почеток на учебната 2023 / 2024 година, 6.800 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба ќе добијат бесплатна униформа.
Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците.
Постапката за набавка на училишните униформи е во тек, а од буџетот на општина Гази Баба се определни 12.000.000 денари.
Реализацијата на овој проекти е во насока на постигнување на еднакви можности за сите деца.