Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со Министерот Благој Бочварски го потпишаа договорот помеѓу општина Гази Баба и Министерството за транспорт и врски за имплементација на проектот за изградба на улици во Хиподром 2.
Овој договор се склучува согласно Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, со кој се обезбедуваат финансиски средства во висина од 45.013.572 денари како грант за општина Гази Баба преку Светска банка.
Целосната постапка за избор на економски оператор кој ќе ги реализира градежните работи е завршена и веднаш по добивањето на согласноста за сообраќајниот режим од Министерството за Внатрешни работи ќе започнат градежните активности на терен.
Жителите на Хиподром 2 конечно ќе добијат патна инфраструктура.
Претходно општина Гази Баба ја обезбеди целосната проектно – техничка документација за изградба на локалните улици во Хиподром 2.