Општина Гази Баба во соработка со тимот на Македонско Еколошко Друштво организираа еднодневна работилница, посветена на компонентата “Искористување на земјиштето и вреднување на екосистемските услуги за шумски и тревни екосистеми на пилот-локалитетите во северо-западниот дел на Р. Македонија”, која пак е во рамки на проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и реставрација на најранливите планински предели“
Најуспешни ученици по спроведена постапка во основните училишта на генерацијата 2014/2023 година се:
Проектот се спроведува од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија (МЖСПП) во соработка со Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP), финансиран од Глобалниот еколошки фонд и има за цел да придонесе кон намалување на деградацијата на земјиштето и интегрирано управување со природните ресурси.
Познавањето на состојбата со екосистемите претставува неопходен предуслов за подобро планирање и спроведување на идентификацијата и проценката на екосистемските услуги со што би се постигнало зачувување на биолошката разновидност, подобрување на човековото здравје и благосостојба и секако подобар економски развој.
На работилницата учествуваа вработени од администрацијата на општина Гази Баба, претставници од урбаните и месните заедници, претставници од невладиниот сектор за заштита и унапредување на животната средина, професори од земјоделскиот и шумарскиот факултет.
Крајна цел на проектот е добивање на проценка на состојбата на екосистемите во општина Гази Баба, проценка на екосистемските услуги, изработка карти на различни типови на екосистеми и промотивни материјали и секако ќе произлезат препораки и сценарија за развој на општината во иднина.