Во просториите на општината се одржа состанок на претставници од УСАИД и претставници од општинската администрација во рамки на проектот со УСАИД за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, имплементиран од ДТ Глобал Инк.
Со овој состанок започнаа и проектните активности во насока на анализа на капацитетите на општината преку алатката за самооценување на општинското финансирање и процесите поврзани со нивно управување.
Општина Гази Баба е меѓу избраните во третата група-партнер општини, учесници на овој проект.
Проектот нуди прилагодена техничка поддршка за нашата општина од областа на зајакнување на капацитетите за планирање и собирање локални даноци, такси, надоместоци, зголемување на капацитетите за пристап до надворешни извори на финансирање, подобрување на способноста на општината да управува со јавни финансии во согласност со позитивната законска регулатива, како и зајакнување на процесот на децентрализација.