Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на ново – изградениот спортски терен за серва и мал фудбал, реконструираното детско катче и спортскиот терен за баскет во н.м Кирил Петрушевски.
Работните активности се одвиваа по барање за изградба на нов спортски терен од страна на граѓаните од ова населено место и истото денес е реализирано, што претставува доказ дека локалната самоуправа ги исполнува барањата на граѓаните.
Градоначалникот Стефковски на увид беше и на улицата “Перо Наков” која во изминатиот период во прва фаза беше комплетно реконструирана, а во тек се градежни активности за изградба на тротоари на истата.
Претходно, општина Гази Баба асфалтираше краци од локални улици во ова населено место, а во рамки на големата акција за асфалтирање на локални улици која ќе ја реализираме во следниот период ќе се асфалтираат и останати краци од локални улици во н.м Кирил Петрушевски.