Во рамките на работното лето “Гази Баба 2023” градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на реализацијата на пет нови проекти.
Во населба Автокоманда се гради нова енегретско – ефикасна фасада на општинското основно училиште “Стив Наумов”, се врши реконструкција на кошаркарското игралиште со поставување на современа тартан подлога и се гради нов паркинг на површина од 700 метри квадратни.
Во населеното место Инџиково се гради спортски терен на подлога од вештачка трева која ќе го носи името на загинатиот бранител во настаните од Диво Насеље, Горан Стојменовиќ.
Во населеното место Трубарево го пуштивме во употреба новиот оперативен центар на ЈКП “Гази Баба 2007”, кој по 15 години добива свој простор за администрацијата, како и работилница со современ алат за изработка на урбана опрема, како и пункт за зимско одржување и улично осветлување, паркинг и сервис за механизацијата. Оперативен центар од ваков тип е изграден за прв пат во Република Македонија.
Следува работно лето во чии рамки ќе се реализираат голем број на нови проекти.