Денес градоначалникот Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди.
Оваа мерка е уште една од низата мерки кои општина Гази Баба ги реализира во рамки на програмата за заштита на животната средина.
Како општина реализираме проекти преку кои ги враќаме парите назад кон граѓаните преку доделување на субвенции за набавка на велосипеди, електрични тротинети, печки на пелети, инвертер клима уреди, како и за вградување на уреди за течен нафтен гас на возилата и чистење на оџаците.
Заштитата на животната средина останува на врвот на приоритетите.