Денес во посета на општина Гази Баба беше делегација на провиненцијата Јунан од Народна Република Кина заедно со Амбасадорот на Кина во Република Македонија Н.Е. Жанг Зуо.
На средбата се разговараше за воспоставување на заедничка соработка во различни области.
Како локална самоуправа ги претставивме инвестициските капацитети со кои располагаме, кои во иднина би можеле да бидат предмет на заедничка соработка со цел привлекување на нови инвестиции.
Нашата цел е привлекување на нови инвестиции на урбанизираната локација за индустриска зона на територија на Општина Гази Баба, а со цел отворање на нови работни места и развивање на економијата.