Вечерва во дворот на црквата Св. Петар и Павле во Јурумлери се одржа манифестацијата Петровденски чествувања, на која имаше голем број присутни, меѓу кои и градоначалникот Бобан Стефковски.
Уште еднаш на дело се докажа дека црковно – народните собири го обединуваат народот како ништо друго.
Во подготвената културно уметничка програма настапуваа КУД “Седенка”, Даниела Темелковска, Сузана Спасовска и Спасен Силјановски.