Градоначалникот Бобан Стефковски предводи делегација на Општина Гази Баба, која учествува на тридневниот саем во Сараево, Босна и Херцеговина.
Сите три дена беа одлична можност за вмрежување на контакти со инвеститори за нови гринфилд капацитети, зелена инфраструктура и нови технологии.
Градоначалникот Стефковски оствари продуктивни средби со потенцијални инвеститори и официјални претставници од Арапските земји, но и со Министерот за Економија на кантонот Сараево, Златко Мијатовиќ со кои разменија идеи за развивање на понатамошна соработка и вршителот на должност Амбасадор на Република Македонија во Босна и Херцеговина Борчо Дамјанов.
Општина Гази Баба е единствена општина од градот Скопје која учествува на овој саем. Покрај Гази Баба, на саемот своја промоција имаат и општините Охрид, Битола, Ресен и Гевгелија.
Промоцијата на Општина Гази Баба е со цел привлекување на нови инвестиции ќе продолжи и во следниот период.
Обезбедувањето на рамномерен регионален развој е важен за општина Гази Баба, како би станала подобро место за живеење.