По повод 66 годишнината од смртта на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, денеска делегација од Општина Гази Баба, предводена од претседателката на Советот на Општина Гази Баба, Дијана Илиевска, пратениците во Собранието на Р. Македонија, Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, делегација од Сојузот на борци, делегација од Здружението на пензионери од Општина Гази Баба и граѓани положија свежо свеќе пред неговиот споменик на плоштадот во н. Ченто.
Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп, а починал на денешен ден 1957 година. Во својата биографија бележи значајна политичка активност уште од рана младост, а неговиот придонес е непроценлив за македонскиот народ.
Единствена цел ни е да не се стави во заборав неговиот придонес за исполнување на исконските желби на македонскиот народ, а тоа е да живее обединет, самостојно и во добри односи со сите соседни народи.
Постхумно е одликуван со “Орден на Република Македонија”, признание кое го имаат само поранешните претседатели на Македонија.