По повод одбележувањето на 60 годишнината од земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година, општина Гази Баба вечерва ја организираше манифестацијата “Ден на солидарноста”.
Манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска, на која граѓаните можеа да ги проследат музичките изведби на Марјан Коцев, Даниела Темелковска и Душко Ѓорѓиевски.
На 26 јули 1963 година Скопје било разрушено, а со тоа навидум била урната и надежта на нашиот народ.
Хуманоста и солидарноста на светот ја врати надежта кај граѓаните, дека доаѓа подобро утре.
Како народ и држава не смееме да заборавиме кој бил со нас, кога ни било најтешко.
Не така далеку е 2016-та година, кога нашата Гази Баба беше погодена од катастрофална поплава која зад себе остави голема материјална штета, а за жал однесе и човечки животи. И тогаш кога нас ни беше најтешко, светот се обедини и ни помогна.