Општина Гази Баба е една од покровителите на овогодинешниот илинденски марш, на кој 38 коњаници од Горно Лисиче се упатија на пат кон Крушево во пресрет на чествувањето на 120 години од Илинденското востание.
Претседателката на Советот Дијана Илиевска во името на општина Гази Баба на настанот кој се одржа во црквата „Свети Петар и Павле“, Горно Лисиче, прими плакета за благодарност од организаторите на маршот.
Илинден е еден од најзначајните датуми во историјата на Република Македонија.
Наша должност е да ја чуваме историјата и да ја пренесуваме на идните генерации.