Утрово градоначалникот
Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за изградба на патната инфраструктура во Хиподром 2, каде го решаваме долгогодишниот проблем на жителите од Хиподром 2. Граѓаните од ова населено место конечно добиваат патна инфраструктура со што газењето кал заминува во историјата.
Овој проект го реализираме согласно Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.
Со проектот во патната инфраструктура инвестираме финансиски средства во висина од 45.013.572 денари како грант за Општина Гази Баба преку Светска банка.
Дополнително како локална самоуправа спроведуваме постапка со која ќе инвестираме дополнителни 73.000.000 денари средства од буџетот на Општина Гази Баба за инфраструктурата во Хиподром 2.