Градоначалникот
Бобан Стефковски утрово присуствуваше на приредбата во ООУ “Крум Тошев” во н.Трубарево со цел да им посака добредојде на првачињата и неизмерна детска среќа да ги води во текот на целата учебна година.
На институциите им е обврска да креираат услови за подобро образование и воспитание на сите деца, а на децата е обврска да ги оправдаат очекувањата на заедницата и општеството во кое живеат.
Во оваа прилика, Стефковски на сите ученици им посака пред се добро здравје, а потоа и многу среќа и успех во текот на целата учебна година.