Денес е потпишан договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади, со кој се обезбедуваат средства за изградба на нова, современа детска градинка во Сингелиќ.
По Трубарево, Инџиково и просторот помеѓу Маџари и Керамидница – сега и Сингелиќ добива градинка. Овие проекти децении наназад беа само празни ветувања кон жителите на Гази Баба.
Само се зборуваше, но не се работеше.
До сега не постоеше ниту еден готов проект за изградба на нова детска градинка. Денес, веќе се реализираат четири – токму како што вети градоначалникот.
Градоначалникот Бобан Стефковски изрази искрена благодарност до Премиерот и Министерот за социјална политика, демографија и млади за поддршката во реализацијата на овие важни проекти. Ова е доказ дека кога институциите соработуваат, граѓаните добиваат вистински резултати.
Гази Баба ќе продолжи да се развива – со дела, не со зборови!