Потпишани договори за Петре Филиповски Гарката во Триангла, Јордан Поп Јорданов во Маџари, Париска Комуна во Хиподром, патот кон гробиштата Камник и Жан Жорес во Маџари!
Со големо задоволство Ве информирамe дека се потпишани договорите за реализација на градежни активности за целосна реконструкција на следните улици:
-Петре Филиповски Гарката во Триангла
-Јордан Поп Јорданов во Маџари
-Париска Комуна во Хиподром
-Патот кон гробиштата Камник
-Дополнително, веќе утре се очекува да се склучи и договорот за реконструкција на улицата Жан Жорес во Маџари.
Градежните активности на овие локации ќе започнат во следните неколку денови.
Паралелно се спроведуваат постапки за избор на економски оператори за следните капитални проекти:
-Изградба на нова училишна сала во ООУ „Григор Прличев“ – Железара;
-Надградба на ООУ „Крум Тошев“ – Трубарево;
-Изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница;
-Изградба на фекална канализација во Идризово и Дрма;
-Изградба на фекална канализација за Јурумлери;
-Изградба на фекална канализација во Чукур Маало и Гоце Делчев;
-Атмосферска канализација на ул. Гемиџиска и Филип Филиповиќ – Железара;
-Изградба на каналот во Сингелиќ;
Реконструкција на улици:
-ул. Палмиро Тољати – Ченто;
-ул. 519 – Керамидница;
-ул. 22 – Сингелиќ;
-ул. 30 – Чукур Маало, Трубарево;
-Изградба на ул. 2 – Железара;
Ова не се само зборови – ова се конкретни проекти кои наскоро ќе прераснат во реалност!
Работиме напорно, посветено и исклучиво во интерес на граѓаните.
Создаваме. Градиме. Ја менуваме нашата Гази Баба!