Во соработка со МВР и ЈП Градски Паркинг, денеска беше спроведена акција на патниот правец R-1102, во близина на пазарот за стари работи. Акцијата беше насочена кон откривање и санкционирање на возачи кои со своето однесување го нарушуваат јавниот ред и ги оштетуваат зелените површини.
Нема толеранција за прекршување на законот.
Со оваа акција се упатува јасна порака дека институциите постапуваат координирано и одлучно кога станува збор за заштита на јавниот простор и почитување на законските прописи.
Потсетуваме дека согласно член 33 од Законот за урбано зеленило, строго е забрането запирање, движење и паркирање на зелена површина.
Зелените површини се заштитен јавен ресурс и нивното уништување или узурпирање претставува прекршок кој се санкционира.
Исто така, согласно член 23 од Одлуката за комунален ред, секое непочитување на пропишаните правила претставува прекршување на комуналниот ред и повлекува соодветни мерки и казни.
Апелираме до сите граѓани и возачи да ги почитуваат законите и сообраќајните правила, да не ги узурпираат зелените површини и да придонесат за почиста, поуредена и побезбедна средина за сите.
Да ја чуваме заеднички нашата општина, јавниот простор и зеленилото.